свет
Тропска бура го погоди североистокот на Филипините, најмалку 26 загинати
24.10.2024 10:20
Обилниот дожд, предизвика големи поплави и лизгање на земјиштето на главниот остров Лузон...

Најмалку 26 луѓе загинаа, а над 150 илјади домаќинства останаа без струја по тропската бура „Тами“ што го погоди североистокот на Филипините. Обилниот дожд, предизвика големи поплави и лизгање на земјиштето на главниот остров Лузон.
Невремето се движи кон запад низ планинскиот регион кон Јужното Кинеско Море по што се издадени предупредувања и затворени училишта.
