МВР

МВР: Лишен од слобода разбојник во Скопје

24.10.2024 09:13

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с. Арачиново, скопско...

Денеска во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с. Арачиново, скопско.

Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.