Суспензија на Чаби Алонсо

18.07.2014 15:26

Чаби Алонсо доби суспензија од еден натпревар поради начинот на прослава на вториот гол на Реал во финалето на Лигата на шампините. Поради два жолти картона, играчот од средниот ред го пропушти мечот во Лисабон против Атлетико Мадрид, но откако неговиот тим поведе со 2-1,  влета на теренот прославувајќи со соиграчите. За ваквата реакција УЕФА реши да го казни шпанскиот репрезентативец со пауза на еден натпревар, што значи дека Алонсо нема да игра против Севилја во европскиот Супер куп на 12-ти август во Кардиф.

Идентична казна заработи и тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, поради обидот физички да се пресмета со Варан по завршувањето на мајското финале од Лигата на шампионите. На темпераментиниот аргентински стратег тешко му падна порзот од Реал со 4-1 по продолжувањето, особено што Атлетико прими гол во последните секунди од основниот дел за израмнување на 1-1.