Фон дер Лајен во посета на Македонија
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје. Ќе има средби со претседателката Гордана Сиљановска Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски…

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во посета на Македонија, во рамките на четиридневната турнеја на Западен Балкан. Ќе има средби со претседателката Сиљановска Давкова и со премиерот Мицкоски.
Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен на регионот, Европската комисија вчера ги одобри реформските агенди на Северна Македонија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, поврзани со Планот за раст на Западниот Балкан, со кои ти се обврзуваат на социо-економски и фундаментални реформи што ќе ги спроведат во периодот од 2024 до 2027 година за да поттикнат раст и поврзување со ЕУ.
Одобрувањето на реформските агенди беше клучен чекор за да се овозможат исплати на средства во рамки на Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, чија вкупна вредност е шест милијарди евра.
Известува Марина Стојанова-Тонева
