Центарот за управување со кризи

ЦУК: Регистрирани шест пожари на отворено

24.10.2024 10:50

Од ЦУК информираат дека пожарникарите интервенирале и во населени места...

Центарот за управување со кризи соопшти дека во последното деноноќие регистрирани се шест пожари на отворено на територија на цела држава.

Од ЦУК информираат дека пожарникарите интервенирале и во населени места.

Пожарникарите интервенирале на запалено ѓубриште во Гостивар, на запалена ниска вегетација во атарот на кумановското село Романовце, во Гевгелиско во близина на границата со Грција и во атарот на с. Миравци, на запалена трска кај авто-камп Елешец и во атарот на с. Отовица во Општина Велес