Во Србија слободно ќе се вози и со македонска возачка

18.07.2014 15:35

Министерката Јанкуловска во Белград потпиша договор за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Република Македонија и Република Србија...

Се олеснува процедурата за патувањето на граѓаните на Македонија и на Србија. Двајцата министри за внатрешни работи потпишаа договор за взаемно признавање на возачките дозволи.

„Тоа значи дека граѓаните на двете држави кога ќе патуваат повеќе нема да имаат потреба да вадат меѓународна возачка дозвола, односно ние ќе ги признаваме националните документи, во смисла на потврда на постоењето на возачката дозвола и со оглед на интензитетот на патувања и бројот на граѓани кои ја преминуваат границата, се надеваме дека ова ќе значи дополнително олеснување на процедурите“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Српскиот министер по средбата изразли задоволство од соработката меѓу двата во делот на контрола на миграциите и борбата против трговијата со наркотици.

„Во наредните месеци, како што започнавме на граничниот премин Табановце со заедничкиот координационен центар, мислам дека и на други места ќе покажеме големо ниво на меѓусебни активности, што ќе допринесат до пад на криминалитетот и трговијата со дрога“, рече Нејбојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи на Република Србија.

Договорот за признавање на национланите возачки дозволи ќе стапи на сила по ратификација во двата парлaмента.

Оливер Бранковиќ