Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен
Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации...
Со високи државни почести, премиерот Христијан Мицкоски пред Владата ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан.
Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации.
По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Мицкоски и претседателката Фон дер Лајен.
Според најавите, за време на посетата на Скопје, Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Силјановска Давкова.
