Завршен ден на Самитот на БРИКС
Завршен ден на Самитот на БРИКС во руски Казањ. На иста маса лидерите на Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија, Египет, Венецуела и Обединетите Арапски Емирати. Пристигна Антонио Гутереш, првиот човек на Обединетите Нации. Целта на Сојузот е создавање на мултиполарен, наместо униполарен свет. Усвоена е декларација која ќе биде доставена од Обединетите нации и во која се сумира наредната соработка на проширениот состав на БРИКС...

Преобразбата на светскиот поредок воопшто не е лесна, некој во светот посакува доминација со секого и со сè, поента на шефот на руската држава Путин, на отворањето во кое учествуваат 12 лидери од Азија, Африка и Јужна Америка.
„Зад завесата на правниот поредок во светот, има обиди да се спречи развојот на земјите-ривали во Африка, Азија и латинска Америка. Преку еднострани санкции, апсолутен протекционизам, манипулација со националните валути и берзите, преку слоганот за почитување на човековите права, се злоупотребуваат државите“, изјави Владимир Путин-претседател на Руската Федерација.
Рускиот лидер не пропушти да го искаже ставот на Кремљ за Украина. Киев бил инструмент против руските интереси со прекршување на правата на жителите од руското јазично подрачје. Кинескиот претседател побара прекин на огнот во газа и спречување натамошен судир во Либан.
„И сега не ја кријат главната цел, да се порази Русија. Не ја познаваат руската историја“, изјави Владимир Путин-претседател на Руската Федерација.
„Решението е во прекин на огнот и во создавање две држави, Израел и Палестина. Да го спречиме пламенот на војната да не се прошири во Либан, но и нечовечките страдања во Палестина и Либан“, изјави Ши Џинпинг-претседател на Кина.
На Самитот, на највисоко ниво воопшто одржан во федерацијата, билатерални состаноци меѓу светските лидери. По пет години, состанок на лидерите на Кина и на Индија, чие население брои една третина од човештвото. Се договорија за засилена соработка и комуникација. Европската унија ги повика учесниците да побараат од Путин да ја прекине војната во Украина. Ова Брисел го очекува од Антонио Гутереш, првиот човек на Обединетите нации, кој учествува на Самитот во руски Казањ.
Зоран Богатинов
