Лам во пензија!
Капитенот на Германија, Филип Лам неочекувано, но со стил ја заврши репрезентативната кариера. Кога го достигна врвот, 30 – годишниот Лам без претходни најави, реши веќе да не настапува за репрезентацијата со којашто стана светски шампион, ексклузивно објави герамански „Билд“.
Веста ја потврдија и од Германската фудбалска федерација и од семејството на Лам. Информацијата ги изненади навивачите на четирикратниот светски шампион чиишто најчести коментари се дека Лам можел да игра уште десет години, но дека решил да си замине со стил, како првак.

Лам за репрезентацијата на Германија дебитираше во 2004-та, настапи на 113 меча и постигна 5 гола и одигра на три позиции, како десен и лев бек и како последен играч за врска.
„Тој е најинтелегентниот фудбалер со кој сум работел“, изјави Перп Гвардиола, тренерот на Баерн Минхен со кој Лам има договор до 2018-та година.
Германките новинари сметаа дека прва задача на слекторот Јоаким Лев сега ќе биде да најде „десна рака“ затоа што, иако тивок по природа, Лам бил вистински лидер на репрезентацијата на и надвор од теренот и многу ценет кај соиграчите.