Македонија со напредок за три позиции на ФИФА ранг-листата
Македонија сега се наоѓа на 69. место на кое последен пат беше во април оваа година. До крајот на годината нашата репрезентација треба да одигра уште два натпревари од Лигата на нации...

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за три позиции на ФИФА ранг-листата благодарение на победите против Летонија и Ерменија.
Македонија сега се наоѓа на 69. место на кое последен пат беше во април оваа година. До крајот на годината нашата репрезентација треба да одигра уште два натпревари од Лигата на нации, во Скопје против селекциите на Фарски Острови и Летонија, со две победи може дополнително да го подобриме пласманот.
Во топ десет најдобра е Аргентина, следуваат Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Белгија, Португалија, Холандија, Италија и Колумбија.