Локална самоуправа
Струмица и Карпош излегуваат од ЗЕЛС
24.10.2024 13:30
Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а нејзиниот пример ќе го следи и градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски...

Во ноќни Фејсбук-писанија градоначалникот на Струмица најави дека неговата општина излегува од ЗЕЛС. На овој статус му претходеше друг во кој Костадинов обвини за политички пресметки откако институциите не издадоа решение дека водата во Струмица е исправна за пиење, од Струмица известува Ване Трајков.
И градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски најави дека ќе и се придружат на Општина Струмица во напуштањето на ЗЕЛС, за Општина Карпош известува Борис Грујоски.
