Меси заслужи да биде најдобар, тврди Улие!

18.07.2014 15:40

Одлуката, Меси да биде проглаеен за најдобар фудбалер на мундијалот во Бразил, со којашто наиде на многу критики, се обиде да ја образложи и да ја оправда еден од членовите на комисијата, францускиот тренер, Жерар Улие.

„Разбирам дека луѓето беа изненадени, но факт е дека сите ја паметат само неговата игра во второто полувереме од финалето. Но, ние во комисијата, ги гледавме сите негови натпревари и заклучивме дека беше најзначаен играч на својата репрезентација. Играше во финалето, што е еден од предусловите за наградата и неговата улога на четири меќа беше решавачка. Во полуфиналето против Холандија прв шутираше пенал и беше прецизен. Во обзир беше земено и тоа што беше капитен на тим којшто одигра добро на шампионатот, а тоа на Аргентина не и се случило подолг период. Беше клучен и потполно го заслужи да ја доби Златната топка“, изјави Улие.