Со дуалното образование до квалификуван и поконкурентен кадар
Дуалното образование има цел да одговори на потребите на пазарот на труд, но и да квалификува поконкурентен кадар. Формирани се три регионални центри за стручно образование и обука...

Сара Марковска е ученичка во четврта година во средното „Михајло Пупин“ во кое има дуално образование. Учи и има практична работа во компании со кои соработува оваа образовна институција. Вели, себеси се гледа како иден електроинженер, па затоа се одлучила за ова стручно училиште.
Дуалното образование има цел да одговори на потребите на пазарот на труд, но и да квалификува поконкурентен кадар. Почна да се воведува од пред три години во соработка со над 550 компании. Учениците од стручните училишта се стипендираат со преку 1.500 стипендии на годишно ниво. 70 отсто од вкупниот број средношколци се образуваат токму во средните училишта. Формирани се три регионални центри за стручно образование и обука.
Од АВРМ велат дека на пазарот на труд дефицитарни професии се програмер, продавач, шивач, келнер, готвач, градежен работник, армирачки работник, возач, бравар, монтер, заварувач, ѕидар, лимар, пекар и др. Учеството на невработените лица со завршено средно стручно и средно образование во вкупно евидентираните невработени лица е 31,7% отсто или 31.412. 40 отсто од невработените се на возраст од 30 до 49 години.
Александра Велинова
