Мирни протести против пресудата за „Монструм“

18.07.2014 15:42

Протестот помина мирно, а почна од Јаја паша по што демонстрантите се упатија кон Бит пазар...

Неколку стотина демонстранти денеска повторно протестираа против пресудата за осудените во случајот „Монструм“.
 
Протестот помина мирно, а почна од Јаја паша по што демонстрантите се упатија кон Бит пазар.
 
Претседавачот на Координативниот организациски одбор Бедри Ајдари најави дека ќе протестираат се додека не ги ослободат осудените.
 
Протестите започнаа откако Основниот суд Скопје 1 донесе пресуда за доживотни казни на обвинeтите.