Здравство

Лекарската комора ќе ги разгледува насоките за постапување на Таравари во врска со смртта на 14-месечното бебе

24.10.2024 14:55

Во Лекарската комора ќе се разгледуваат насоките за постапување што ги дал министерот за здравство од извршениот стручен надзор на Детската клиника и во „Козле“ во врска со смртта на 14-месечното бебе. Откако ќе бидат разгледани од соодветните органи и тела на Комората, ќе биде одлучено што ќе се преземе...

Во Лекарската комора ќе се разгледуваат насоките за постапување што ги дал министерот за здравство од извршениот стручен надзор на Детската клиника и во „Козле“ во врска со смртта на 14-месечното бебе.

Откако ќе бидат разгледани од соодветните органи и тела на Комората, ќе биде одлучено што ќе се преземе.

Министерот Таравари, побара менаџментот од клиниката „Козле“ да постапи по примерот на директорот на Детската клиника, кој времено од работа отстрани двајца лекари специјалисти и поведе дисциплинска постапка. Вели дека не е за бркање од работа и за казнување на докторите, но мора да има одредени мерки и одговорност за овој трагичен настан.

Потврди дека имало лекарски пропуст за време на третманот на детето. Од „Козле“ негираа вина, иако од Комисијата за стручен надзор и кај нив лоцираа пропусти.

14-месечното бебе почина на 5-ти октомври на Детската клиника каде било транспортирано од клиниката „Козле“ во многу лоша здравствена состојба.