Европа

Европол заплени големо количество фалсификувана храна и пијалаци

24.10.2024 20:43

Европол соопшти дека во рамките на акцијата биле разбиени 11 криминални мрежи и распишани 104 потерници. Издадени се 184 налози за претрес, а 278 лица се пријавени на правосудните органи.

Европол спроведе акција насочена кон супстандардна и фалсификувана храна и пијалоци.  Запленети се 22.000 тони храна која била препакувана откако ѝ истекол рокот на траење и 850.000 пијалоци, од кои главно алкохолни.

Европол соопшти дека во рамките на акцијата биле разбиени 11 криминални мрежи и распишани 104 потерници. Издадени се 184 налози за претрес, а 278 лица се пријавени на правосудните органи.

Вкупната вредност на запленетите производи е над 91 милион евра.