Пуштена во употреба осветлена клучка на влезот од Вевчани

18.07.2014 15:49

Денеска директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски и Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски свечено ја пуштија во употреба осветлената клучка на самиот влез во Вевчани на регионалниот пат Струга–Дебар. Во текот на оваа година планирани се и осветлувања на клучки во Гостивар, Скопје и Куманово.

Јавното претпријатие за државни патишта од минатата година посветено работи на осветлување на автопатите, магистралните патишта како и на клучките кај градовите и населените места.

„Јавното претпријатие за државни патишта спроведувајќи ги владините политики околу зголемувањето на безбедноста на сообраќајот со осветлување на поедини клучки на населени места и градови продолжува и оваа година продолжуваме. Оваа година ги осветливме клучките на влезовите во Штип и Прилеп и сега продолжуваме во Вевчани“, рече Љупчо Георгиевски, директор на јавното претпријатие за државни патишта.

Вевчани се повеќе станува интересна дестинација од областа на туризмот но и подрачје кое со осветлувањето на клучката на влезот од Вевчани ке се возобнови поранешната индустриска зона а ќе се зголеми и безбедноста на сообраќајот.

„На ова место на оваа локација порано имаше две фабрики значи беше индустриска зона, последниве 20 години е напуштена и сега со осветлувањето на оваа клучка, со изградбата на портата за два месеци ќе почне и изградбата на Бензинската пумпа, значи се отвараат можности за проширување на таа индустриска зона“, рече Цветомир Угриноски, градоначалник на Вевчани.

На почетокот на годинава беа осветлени клучките на влезовите од Прилеп и Штип, оваа во Вевчани а следни за осветлување се клучките пред Гостивар, на автопатот Александар Македонски кај Кадино како и на самиот влез во Куманово.

Јованчо Наумоски