Харден разочаран по поразот на Клиперс во новата арена

24.10.2024 15:17

Ноќеска Клиперс загубија од Феникс санс по продолжение (113:116).

Џејмс Харден е разочаран од пропуштената победа во првиот натпревар во новата арена на Лос Анџелес клиперс.

Ноќеска Клиперс загубија од Феникс санс по продолжение (113:116).

Натпреварот се одигра во новата арена на клубот „Интуит Доме“. Клиперси во најголемиот дел од мечот беа во водство, но на крајот не успеаја да победат.

Толку сум разочаран што не ја добивме победата. Историски меч во Инглвуд, навивачите ги наполнија трибините и беа одлични, тие го направија своето, мора да се покажеме и ние, изјави Харден.

Тој беше најефикасен кошаркар на средбата, постигнувајќи 29 поени, 12 скока и осум асистенции.