Нови 50 случаи на грип регистрирани минатата недела
Заболените лица биле регистрирани во Куманово – 18, Гостивар – 16, Свети Николе – седум, Тетово – пет и Кавадарци и Кочани – по две. Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани биле 38 лица, петмина над 65 години, шест деца на возраст од пет до 14 години и едно дете од групата до четири години.

Педесет случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грипот, биле пријавени во текот на 42-та недела од 2024 година, односно од 14-ти до 20-ти октомври, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Ова претставува раст на бројот на заболени за 61,3 проценти во споредба со претходната недела.
Заболените лица биле регистрирани во Куманово – 18, Гостивар – 16, Свети Николе – седум, Тетово – пет и Кавадарци и Кочани – по две. Во однос на возраста, од 15 до 64 години регистрирани биле 38 лица, петмина над 65 години, шест деца на возраст од пет до 14 години и едно дете од групата до четири години.
Заклучно со 42-та недела, евидентирани биле вкупно 106 случаи.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО. Постарите лица – над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници, потенцираат од ИЈЗ.
Закажувањето за бесплатни вакцини се одвива преку веб-страницата „вакцинација.мк“.
Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 12.165 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини, истакнуваат од ИЈЗ.
Во однос на комерцијалните вакцини, вакцинирани биле 373 лица.
