Кошарка

Хендрикс верува во пласман на ЕП!

18.07.2014 15:51

На подготвителниот турнир во Охрид, Американецот Ричард Хендрикс се вклопува во националниот тим којшто забележа лесно победи над Австрија и над Романија, а вечерва ќе игра против Грузија...

Македонската кошаркарска репрезентација доби силно засилување пред настапите во августовските квалификации за Евробаскетот во 2015-та. На подготвителниот турнир во Охрид, Американецот Ричард Хендрикс се вклопува во националниот тим којшто забележа лесно победи над Австрија и над Романија, а вечерва ќе игра против Грузија.

Подобро е отколку што очекував. Работевме напорно како тим, играчите не ме изненадија, ова е добра група“, ексклузивно за МТВ изјави Хендрикс.  „Сигурен сум дека како ќе се доближуваме до квалификациите формата ќе ни се подобрува. Сега треба да се фокусираме на нас, а не на противниците. Треба да влеземе во повисок ритам, да создадеме хемија меѓу себе и доколку го направиме тоа, ќе бидеме подготвени. Мислам дека македонската репрезентација има потенцијал за настап на Евробаскетот“, оптимистички заврши новиот македонски интернационалец.