регион

БиХ: Тинејџер уби полицаец при упад на полициска станица

25.10.2024 08:09

Во напад на полициска станица во Босанска Крупа тинејџер упаднал во објектот и со нож ги избодел службениците. Повредениот полицаец е хоспитализиран во тешка состојба, а напаѓачот е уапсен...

Еден полицаец е убиен, а друг е повреден, во напад на полициска станица во Босанска Крупа откако тинејџер упаднал во објектот и со нож ги избодел службениците. Повредениот полицаец е хоспитализиран во тешка состојба, а напаѓачот е уапсен.

„Ова е голема тага, особено сме изненадени што се работи за малолетник кој има 14 години и кој се осмелил да влезе во станицата и да нападне полицајци. Мислам дека ова е аларм, и ние како општество треба да се запрашаме што се случува овде“, изјави Аднан Хабибија, министер за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон.

Властите го истражуваат случајот и мотивот за инцидентот.