Севернокорејски единици распоредени во Курск, тврдат разузнувачки трупи на Украина
Путин не ги демантираше американските тврдења дека Северна Кореја испратила свои војници во Русија, но рече дека Москва треба да одлучи како ќе го спроведе одбранбениот договор со Пјонгјанг, обвинувајќи го обвини Западот за ескалација на војната...

Разузнавачките трупи на Украина тврдат дека првите севернокорејски единици се распоредени во Курск, откако беа објавени сателитски снимки на кои се гледа нивното движење. Путин не ги демантираше американските тврдења дека Северна Кореја испратила свои војници во Русија, но рече дека Москва треба да одлучи како ќе го спроведе одбранбениот договор со Пјонгјанг, обвинувајќи го обвини Западот за ескалација на војната.
„Сателитските снимки се сериозна работа, ако има слики, тогаш тие кажуваат нешто. Но, би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека тоа не беа дејствијата на Русија што доведоа до ескалација во Украина, туку државниот удар од 2014 година, поддржан првенствено од САД. Осум години не мамеа дека сакаат да го решат конфликтот во Украина по мирен пат, за подоцна, западните земји да почнат активно да го вооружуваат режимот во Киев, пред директното учество на воениот персонал на НАТО во овој конфликт“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
Додека за ЕУ учеството на севернокорејските сили во Украина претставува едностран непријателски чин со сериозни последици за глобалниот мир, од Вашингтон велат дека ваквиот чекор на Путин само го покажува неговиот очај и покажува дека не успеал во своите стратешки цели на бојното поле. Борбите на фронтот и натаму жестоки.
