свет

Тропската бура „Дана“ го погоди источниот брег на Индија

25.10.2024 10:31

Во налет на невремето властите ги затворија училиштата, го запреа железничкиот и воздушниот сообраќај и евакуираа стотици илјади луѓе...

Тропската бура „Дана“ го погоди источниот брег на Индија, носејќи поројни дождови и силни ветрови со јачина над 110 километри на час. Во налет на невремето властите ги затворија училиштата, го запреа железничкиот и воздушниот сообраќај и евакуираа стотици илјади луѓе.

Климатолозите велат дека силните бури стануваат се почести во Јужна Азија, а глобалното затоплување ги прави поекстремни и непредвидливи.