Македонија е на 67-то место од 142 земји на светскиот индекс на владеење на правото
Македонија е на 67-то место од 142 земји, и е 0,53. Од земјите во регионот пред нас се Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска и Словенија...

На светскиот индекс на владеење на правото, Македонија е на 67-то место од 142 земји, и е 0,53. Од земјите во регионот пред нас се Бугарија, Црна Гора, Грција, Хрватска и Словенија.
Подобро рангирани сме од Србија и од Албанија. Со најдобар индекс се Данска, Норвешка, Финска и Шведска, а најслаби се Камбоџа и Венецуела.
Индексот се состои од податоци за секоја земја поединечно на ограничувањата на владините овластувања, а се истражува и транзицијата на власта, отсуство на корупција, дали владините функционери ги користат јавните функции за приватна корист, отвореноста на владата, граѓанска правда ослободена од дискриминација и корупција.
Фото:/ WJP
