ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија ѝ треба долгорочна стратегија за раст и развој
Идејата и визијата на Мицкоски е покрај општо народно обединубање, членовите на МАНУ и универзитетската заедница, сите професионалци во својата област да ги опфати приоритетите за развој на државата, демографските предизвици, економските цели како и начинот на нивно остварување.

ВМРО-ДПМНЕ преточена во владино раководство на чело со претседателот Христијан Мицкоски, покажува вистинско лидерство и визија во водењето на Македонија. Македонија има насушна потреба од нова визија, стратегија, долгорочен план за вистински развој во чие креирање ќе бидат вклучени најголемите македонски умови, информираат од партијата.
Повикот за обединување и креирање на стратегија за државата 2025 е конкретен проект, кој на едно место ќе ги собере македонските академци и интелектуалци. Идејата и визијата на претседателот Мицкоски е покрај општо народно обединубање, членовите на МАНУ и универзитетската заедница, сите професионалци во својата област да ги опфати приоритетите за развој на државата, демографските предизвици, економските цели како и начинот на нивно остварување.
Покрај тоа, стратегијата треба да го опфати и земјоделскиот и технолошки развој, енергетскиот и транспортен развој, подобрувањето на животната средина, образованието, како и да овозможи здравство во тек со светските достигнувања.
Од партијата велат дека токму ова е потребно за државата за да го фати текот со новото време, каде што научните, технолошките и економски процеси забрзано се развиваат.
И за сето ова да се испланира, спроведе и реализира потребно е внатрешно обединување. Заради тоа, ги повикуваме СДС да се надминат себеси и барем еднаш во нивното партиско делување, државните интереси да ги стават над партиските, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
