Здравство

Нов ургентен центар во ГОБ „8-ми Септември“

18.07.2014 16:38

Градската општа болница 8-ми Септември доби нов угрентен центар граден и опремен според најсовремени стандарди со средства од американската Влада, од Министерството за здравство и од самата болница.

Градската болница 8-ми Септември која има најголема фреквенција од пациенти доби нов урегентен центар-простор од 900 квадратни метри со современа опрема, климатизација и енергетска ефикасност според светските стандарди.

Пари обезбедија Министерството, болницата и американската Влада.

„Центарот располага со 4 болнички соби за дневна болница за неколкучасовно задржување на болните, вклучително и ладна соба со вкупно 9 кревета, соба за мали хируршки интервенции, гипс сала, три нови амбуланти, надворешен коридор за потребите на оперативниот блок“, рече проф. д-р Сашо Стојчев, директор на ГОБ 8-ми Септември.

„Во Ургентниот центар се направени две нови операциони сали, како и сала за реанимација, со средства во износ од 480 илјади долари, донирани од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија“, рече Никола Тодорв, министер за здравство.

Центарот ќе се користи  и за потребите на војниците што учествуваат во меѓународните мисии.

,,Со овој центар ќе се подобри квалитетот на здравствената заштита на сите граѓани на Република Македонија. Исто така ќе се се подобрат капацитетот и вештините на лекарите и хирурзите во оваа болница“, рече Пол Волерс, амбасадор на САД во Република Македонија.

Министерството за здравство претходно инвестираше над милион евра за целосна реконструкција на болницата,  примени се 20 специјалисти, а сега од приватното здравство таму ќе преминат уште 5 специјалисти.  До крајот на годинава ќе биде обезбеден и нов ангиограф, заради унапредување на интервентната кардиологија.

Соња Стојановска