НБА

НБА објави рекордни 125 странски играчи од 43 земји

25.10.2024 10:31

Списокот на воведната вечер вклучува најмалку 120 интернационални кошаркари четврта сезона во низа и најмалку 100 интернационалци 11-та сезона во низа...

Националната кошаркарска асоцијација (НБА) објави дека рекордни 125 интернационални играчи од рекордни 43 земји од шест континента се на списокот на тимовите за отворањето на сезоната 2024/2025, вклучувајќи рекорден број играчи од Австралија (13), Германија (осум) и од Камерун (пет) и изедначен рекордни со 14 играчи од Франција и 17 од Африка, пишува НБА-лигата. Списокот на воведната вечер вклучува најмалку 120 интернационални кошаркари четврта сезона во низа и најмалку 100 интернационалци 11-та сезона во низа. Сите 30 НБА-тима имаат барем по еден интернационалец во своите редови, пишува, меѓу другото, НБА.

Рекордите за меѓународни играчи и застапени земји и територии беа поставени во почетокот на сезоните 2023/2024 и 2017/2018. Веќе 11-та сезона во низа Канада е најзастапена земја надвор од САД со 21 играч, а потоа следуваат Франција, Австралија, Германија и Србија (шест).

Има вкупно 61 европски играч на списокот на воведната вечер.