Свет

Еден загинат и 12 повредени откако автобус со туристи удрил во камион во Малезија

25.10.2024 11:09

Несреќата се случила во државата Перак додека автобусот се движел кон Камерон Хајлендс, популарна туристичка дестинација со плантажи со чај, и удрил во задниот дел на камионот...

Еден загинат и 12 повредени откако автобус со јапонски туристи удрил во камион на автопат во Малезија.

Несреќата се случила во државата Перак додека автобусот се движел кон Камерон Хајлендс, популарна туристичка дестинација со плантажи со чај, и удрил во задниот дел на камионот.

Автобусот бил ангажиран од локален тур-оператор и ги исполнувал безбедносните стандарди, потврдија властите. Причината за несреќата е под истрага.