Прв ден на Пиво фест: Луда забава, тони испиено пиво и изедена скара

18.07.2014 16:49

Одлична луда забава, тони испиено пиво и изедана скара, ова е оценката за првата вечер од Пиво фестот во Прилеп на угостителите и гостите...

Фестивалот помина без инциденти, хигиената во градот е на највисоко ниво, имаше паркинг за сите. Ова е оценката од локалната самоуправа за првиот ден од пивофест. Одлична луда забава, тони испиено пиво и изедана скара, ова е оценката за првата вечер од Пиво фестот во Прилеп на угостителите и гостите.

Најзадоволни денеска беа угостителите.

„Супер беше како за прв ден, задоволни сме, особено од тоа што и на странските гости им се доапаѓа фестивалот, пивото и секако скарата“, рекоа денеска угостителите.

Градот уште еднаш докажа дека е подготвен за организирање настани од европски калибар.

„Фестивалот помина без ниту еден инцидент, чистотата во градот е на највисоко ниво, имаше паркинг за сите, немаше проблеми во сообраќајот“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

Забавата синоќа ја започна ска бендот Joke од Франција, а кулминацијата ја достигна Даниел Кајмакоски.

По повод 90-тиот јубилеј Скопска пивара ја направи и најголемата плескавица во Македонија, тешка 90 кг.

„За сите овие години скопска пивара е навикната на рекорди, за 90-тиот јубилеј ја направивме најголемата плескавица во македонија“, рече Александар Ружевиќ, генерален директор на Скопска пивара.

И за оваа вечер се подготвуваат изненадувања.

„Конкурс за најдобра селфи фотографија направена на концертот, а наградата ќе биде неограничено пиво и секако седење во бекстејџот со сите ѕвезди на фестивалот“, рече Игор Џамбазов, водител на Пиво фест.

Вечерва ќе настапат мегапопуларниот Игор Џамбазов, сестрите Тамара и Тијана, Владо Јанески и хрватскиот бенд „Хладно пиво“.

Дарко Штаргоски