Авиосообраќај

Шест нови авионски дестинации од Скопје и Охрид следната година, најави министерот Николоски

25.10.2024 12:53

Помошта ќе биде по девет евра за пристигнат патник во Скопје и 12 за Охрид. Точната пресметка, вели Николоски ќе биде јасна после вториот повик за уште неколку дестинации што ќе бидат познати до крајот на годинава...

Флај Дубаи од Скопје за Дубаи, Виз ер од Скопје за Барселона, Лион, Штутгард и за Базел од Охрид од каде ќе има летови со Туркиш Ерлејнс и до Истанбул и обратно-ова се новите авиорелации кои ќе ги субвенционира владата со околу 5 милиони евра за три години, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Директно поврзување со Дубаи, Барселона, Штутгард, Лион, Базел и Истанбул се прекрасна вест која ќе донесе бројни нови туристи и полесно патување за македонските граѓани“, изјави министерот Николоски.

Помошта ќе биде по девет евра за пристигнат патник во Скопје и 12 за Охрид. Точната пресметка, вели Николоски ќе биде јасна после вториот повик за уште неколку дестинации што ќе бидат познати до крајот на годинава. Со ова се тежнее да се зголеми бројот на патници за плус 200.000 годишно.

Во моментов, на скопскиот аеродром во лето оперираат 47 дестинации, а на охридскиот осум, додека, во зимскиот период 38 од скопски и четири од охридски аеродром.