100 инвеститори ја спуштија каматната стапка
Ова е показател на вербата на инвеститорите во исправните макроекономски политики во земјава, но и во перспективите на домашната економија...

100 инвеститори ја спуштија каматната стапка на македонската еврообврзница на историско најниско ниво. Најголемите банки, инвестициски фондови, осигурителни друштва од САД и Европа ја направија побарувачката двојно повисока од понудата. Според властите, ова е показател на вербата на инвеститорите во исправните макроекономски политики во земјава, но и во перспективите на домашната економија. Ставрески објаснува дека каматната стапка од 3,975% е многу пониска, споредено со обврзниците што ги издадоа другите европски земји во изминатиов период.
„Оценката за рејтингот на Република Македонија е многу висока, проценениот ризик е низок во однос на тоа дека, Македонија како мала земја редовно ќе може да го отплаќа долгот со растот што што ќе го остваврува и со добрите економски резултати што резултати што инвеститорите ги очекуваат од нас “ , изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
„Со овој навремен потег, се продолжува предвидливиот и поволен амбиент за спроведување на монетарната политиика, се зајакнуваат девизните резерви и дополнително се поттикнуваат банките повеќе да го кредитираат приватниот сектор “, изјави Димитар Богов, гувернер на НБРМ.
Вицепремиерот Ставрески ги објасни причините зошто сега Македонија се реши да издаде еврообврзница. Од една страна, поради позитивните макроекономски движења во домашната економија, од друга страна, поради исклучително поволниот момент на меѓународниот пазар на капитал. За годинава сме покриени, парите ќе се користат за буџетските потреби во наредната, но и за сервисирање на обврските што достасуваат.
„Средствата се наменети се предфинансирање на буџетските потреби за 2015-та година, а дел че останеи за почетокот на 2016-та. Во наредната година, ќе го отплатиме долгот што го направи Владата од 2005-та година, со издавањето на еврообврзницата од 150 милионо евра, отплати кон ММФ за кредитната линија од пред три години, кои изнесуваат 115 милиони евра, но ќе се финансираат и редовните проекти кои се составен дел на Буџетот за 2015-та година“, изјави Зоран Ставрески, вицепремиер и министер за финансии.
Македонија ја издаде третата еврообрзница на износ од 500 милиони евра, со рок на достасување од 7 години и каматна стапка од нецели 4 проценти. За илустрација, обврзницата од 2005-та беше со камата од 4,6 отсто, а каматата на обврзницата од 2009-та изнесуваше 9,8 проценти.
Мартин Пушевски
