Охридската архиепископија во 11 век, во фокус на состанокот на Мешовитата комисија
Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања денеска во Скопје ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата...

По првичното запознавање меѓу новите и старите членови на Мешовитата историска комисија отворени разговорите за Охридската архиепископија во текот на 11 век. Темата отворена бидејќи и претходно се разговарало за неа, па оставено е време македонскиот дел од тимот да навлезат во проблематиката до следното заседание на Комисијата – рече бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров.
„Не ги отворивме темите за учебниците во 7-мо одделение во Република Северна Македонија, но започнавме со утврдување на протоколите од претходните заседанија. Ништо не може да почне од почеток. Завршено е многу работа и треба да се почитува трудот на Комисијата“, изјави Димитров.
Следниот состанок на Комисијата ќе биде во Софија, но датумот дополнително ќе се утврди. Димитров се надева дека во Комисијата меѓу членовите има добра волја за изнаоѓање заеднички јазик во отворените теми. Вели со добра волја се е можно.
Миле Ристески
