Помилувања

Филков: Време е за освежување во Комисијата за помилување

25.10.2024 14:49

Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната, појаснува Филков по последниот случај што крена многу прав во јавноста. Социјалдемократите, пак, бараат од претседателката да ги презентира сите информации, документи и мислења на Комисијата и на Министерството за правда за помилувањата...

Време е за освежување во Комисијата за помилување, вели министерот за правда. По последниот случај што крена многу прав во јавноста, Филков појаснува – Министерството за правда не помилува, туку може да даде само препорака за намалување на казната од 1 до 6 месеци. Таа препорака, потоа оди кај Комисијата и претседателката. Министерот повика, помилувањето да не биде предмет за дневна политика.

Социјалдемократите бараат од претседателката Сиљановска-Давкова да ги презентира сите информации, документи и мислења за помилувањата. Од опозицијата прашуваат, кој нарачал ослободување на опасни криминалци.

Шефицата на државата одржа состанок со членовите на Комисијата за помилување. Дел од членовите изјавија дека тие не знаеле оти Равмановски е шеф на криминален клан.

На 22-ри октомври претседателката Сиљановска-Давкова помилува 10 лица, меѓу нив и Акиф Равмановски, кој тукушто излезен од затвор беше уапсен. Обвинителството го товари за обид за убиство.

 

Викторија Милевска