Превирања во СДСМ, Шилегов обвинува дека партијата е заробена
Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ вели дека сегашната структура на партијата служи на интересите на тесни групи наместо на членството...

Превирања во Социјал-демократскиот сојуз. Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов преку социјалните мрежи обвинува дека СДСМ е заробена партија уште од 2019-та година. Тој вели дека сегашната структура на партијата служи на интересите на тесни групи наместо на членството.
„СДСМ е заробена партија. Уште од 2019-та година. Со двајца октроирани „лидери“ од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тие се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долни. Март е пролет!!! Пролет е СДСМ!!!“-напиша Шилегов.
На ваквите коментари му возвратија од СДСМ. Ова е најдемократска партија, единствена која го бира својот претседател на демократски и непосредни избори, рече портпаролката Кузеска. Таа додаде дека актуелниот претседател Филипче е избран меѓу четири кандидати и оттука е неговиот неспорен легитимитет.
Претседателот на партијата Филипче најави избор на ново раководство во ноември.
Фиљана Кока
