Регион

Во Бугарија вo недела седми предвремени избори во последните три години

25.10.2024 20:00

Аналитичарите очекуваат дека измореноста и обесхрабреност на гласачите ќе резултираат со ниска излезност и со раситнат парламент во којшто ќе доминираат проруските партии и крајната десница...

Во Бугарија во недела се одржуваат седмите по ред вонредни избори во последните три години. Аналитичарите очекуваат дека измореноста и обесхрабреност на гласачите ќе резултираат со ниска излезност и со раситнат парламент, во којшто ќе доминираат проруските партии и крајната десница.

Според анкетата на „Галуп“, води ГЕРБ, партијата на Борисов, засега е втора „Демократска Бугарија“ на Кирил Петков. И партијата на Турците се подели на два субјекта.

За аналитичарката Стојана Георгиева, можно е главната руска партија „Преродба“ да стане втора политичка сила во Бугарија. Таа ги подели партиите во три групи, криминогена, проевропска и проруска.

„Ако е за добро, можен е компромис за да се избегне поголемото зло во Бугарија. Во овие турбулентни времиња, војните во Украина и во Блискиот Исток, и двата конфликта се блиску до Бугарија која е многу ранлива. Три партии ќе бидат главни во Собранието, првата е ГЕРБ, втората е Демократска Бугарија и третата е Преродба“, вели Стојана Георгиева, аналитичарка на „Медиапул“.