Монструм

Протестите завршија мирно и без инциденти

18.07.2014 17:29

Трет петок протести поради пресудите во случајот „Монструм“, од денеска со организатор и координативно тело...

Од Јаја Пашината џамија до Мавровка, трет петок протести поради пресудите во случајот „Монструм“. Од денеска со организатор и координативно тело со кое раководи Бедри Хајдари, брат на еден од осудените. Побараа да ги посети Народниот правобранител и да бидат ослободени.

„Нашите легитимни барања ќе бидат конечен излез од политичкиот лавиринт на неправдата кон невините албанци“, рече преставник на координативниот совет.

„Ова го сметам за парламент на улица бидјеќи нашите општонародни барања во парламентот не се реализираат“, рече Бедри Хајдари, брат на еден од осдените.

И овој пат на челот на протестите беа струшкиот градоначалник Зијадин Села и Хисни Шакири. Од координативниот совет велат дека нивните барања нема да наидат на политички ќорсокак.

Денешниот протестен марш помина мирно и без инциденти, траеше неполн час.

Миле А. Ристевски