Преку иницијативата „Денови за донирање“ граѓаните можат да ја покажат својата хуманост
Граѓаните во наредниот период ќе можат да се вклучат во активности на разни организации и да ја покажат хуманоста на дело, а за првпат е формиран и посебен фонд за превенција и заштита од пожари...

Живеам во близина на Детското село и од малечка донирам облека за децата кои се таму и секогаш кога е потребно се вклучувам во хуманитарни акции. Она што за мене е малку за некои е цел свет. Се радувам кога ќе видам насмевка на некое лице, вели 21-годишната студентка Елеонора Марковска.
Оние кои ги анкетиравме велат дека тоа што го донираат го даваат од срце.
Над 50 илјади лица изминативе 8 месеци собрале финансии за лекување преку платформата за граѓански организации „Икроуд“.
Од денес, преку иницијативата „Денови за донирање“ повторно граѓаните можат да ја покажат својата хуманост.
Собраните средства се наменети за доброволни противпожарни друштва, за оние кои даваат специјална грижа, помагала и поддршка на семејствата чии членови се борат со рак.
Деновите за донирање се можност поединците, семејствата, бизнисите и заедниците да се здружат и заедно да направат позитивно влијание во општеството.
Минатата година во деновите на донирање беа собрани повеќе од 2 милиони денари.
Ана Јосифовска
