Регион

Земјотрес ја стресе Албанија

25.10.2024 20:33

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 7 километри источно од градот Фиер...

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 7 километри источно од градот Фиер.

Земјотресот се случил на длабочина од 9,9 километри, додава ЕМСЦ.