Израел нападна воени цели во Иран, расте загриженоста за ескалација на кризата
Непосредно пред почетокот на нападот, Белата куќа била информирана за акцијата. Властите во Техеран најавуваат одговор на израелскиот напад …

Израелската армија го изврши долгонајавуваниот одмазднички контранапад кон Иран. Повеќечасовната воздушна акција била насочена кон воени локации, погодени се капацитети за производство на ракети земја-воздух. Нуклеарните постројки и нафтените инсталации не биле цел на израелската армија.
Иран најави одговор на израелскиот напад, но не кажа како, кога и во каква форма. Според првичните извештаи, штетата наводно била ограничена. Нема официјални информации од двете страни за жртви.
Израел има право и должност да ја одбрани државата, вели портпаролот Хагари. И Вашингтон на иста линија со Тел Авив. Американскиот државен секретар Остин дециден-неспорно е правото на Израел за одбрана. Во телефонскиот разговор со израелскиот колега Галант ја потврдил американската поддршка.
Нападите на Израел врз ирански цели се сметаат за одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1-ви октомври, во кој тој лансираше речиси 200 балистички ракети.
