Коцкањето е зависност и болест, во Прилеп функционира советувалиште за овој проблем
Мора да се справуваме со проблемот кој ќе ескалира – зависноста од коцкање. Во Прилеп функционира советувалиште, но општеството мора што поскоро да го детектира проблемот кој опфаќа многу млади луѓе и да преземе мерки…

Се губат пари, имот, достоинство и психолошка и социолошка рамнотежа. Коцкањето е зависност и болест, потреба за доминација, велат психолозите. Мора да се справиме со проблемот. Во Прилеп функционира советувалиште во рамките на Македонското здружение на болести од зависности. Има 12 луѓе, од кои 7 се редовни. Од 22 до 75-годишна возраст.
Само 7 проценти од вкупните коцкарски уплати се добитни за сите. Граѓаните се загрижени, се дозволува малолетници да се коцкаат.
Другите имаат искуства, кај нас засега е битна индивидуалната терапија со дискреција. Немаме официјални статистики, зашто коцкањето не се смета за болест.
Информирана е Комората на психолози, а ќе биде информирано и Здружението на психијатри на Македонија за да може да се направат специјални групи кои ќе се занимаваат со оваа проблематика.
Елизабета Митреска
