Роботи-заварувачи во фабриките поради недостиг од кадар
Ако некогаш еснафите со нетрпение ги очекуваа муштериите да обезбедат работа и егзистенција, последниов период услугите се променија. Барателите на услуги тешко доаѓаат до квалитетни мајстори за одредени дејности. Често се оди на листа на чекање, а сработеното многу поскапо се наплаќа. Големиот недостаток на заварувачи причина во некои компании да се воведува роботиката, односно машини роботи-заварувачи…

Солидно платените сезонски работи во странство и иселувањето на младиот кадар, без доволен број на мајстори оставија повеќе дејности. Граѓаните велат, за некои услуги мора да поминеш на листата на чекање и дебело да платиш.
А токму големиот недостаток од заварувачи, причина некои компании да започнат со примена на роботиката. Од конструктивно-технолошките одделенија велат, делувањето по изработените програми обемот на заварување го зголемува.
Иако светската статистика вели дека рентабилноста се зголемува и до 50 проценти, од компаниите сметаат дека не треба откажување од човечкиот фактор.
Надминување на ваквите состојби може да има доколку од една страна преку стручното образование, оние кои имаат афинитети еден ден да станат добри мајстори, а од друга да им се овозможи со трудот достојно да заработуваат тука, а не по белиот свет.
Стевче Митревски
