Авиосообраќај

Расте бројот на патници на македонските аеродроми

18.07.2014 18:31

Пораст има на бројот на патници на двата аеродроми, три пати над европскиот просек...

Анталија, Хургада, Сицилија, само кон три дестинации има чартер летови од Македонија. Аранжманите стартуваат од 500 евра. Најатрактивни убавите плажи и луксузни хотели во Турција. Годинава ги нема директни летови до Палма Де мајорка, Тунис, грчките острови, љубителите на овие егзотични дестинации сами се снаоѓаат. Пораст има на бројот на патници на двата аеродроми, три пати над европскиот просек. Од речиси 560 илјади, најголем број корисници на услугите на ефтините летови.

„Има зголемување на бројот на летови за 16 насто, но зголемени се и бројот на дестинации, македонците одат на одмор со чартер патуваат кон Турција, Египет и кон Сицилија годинава, но евидентно е дека се користат повеќе нискобуџетските компании за летови кон дестинациите во Германија и Скандинавија“, вели Зоран Крстевски, генерален директор на ТАВ Македонија.

Расте бројот на чартери со странци кон Македонија, но се помалку директни летови од државава во летните понуди на агенциите. Ефтините летови ги засенија чартерите.
Високите цени за изнајмување на авиони од странски превозници ги пишманиле агенциите да организираат директни летови и да ризикуваат наспроти големата атрактивност на нискобуџетските компании. По искуставата што ги имаат, поддршка за национален авиопревозник.

„И условите за изнајмување на чартер се ригорозни, однапред треба да се платат депозити за да се земат авиони и да се отворат дестинации, би имало многу поволности кога би имале наш авион и би можеле да бираме и затоа е добра идејата за национален авиопревозник“, посочува Дејан Вељанов, менаџер на Туристичка агенција Џет Сет.

„Ако се направи калкулација е многу поефтино и полуксузно од Грција да се оди во Турција или во Египет“, вели менаџер на туристичка агенција.
 
Истанбул, Цирих, Виена, Лондон, Малме и натаму топ пет дестинации за патниците од Македонија. ТАВ очекува со новите Парис, Франкфурт, Брисел и Келн на нискобуџетската Виз Ер, годината да ја завршат со повеќе од милион корисници на услугите, да ја стави Македонија на картата најфрекфентни европски дестинации.

Сузана Фиданска