МВР

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

26.10.2024 11:35

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок...

Полициски службеници од СВР Тетово вчера го лишиле од слобода И.Џ.(46) од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и непозната супстанца.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.