Дали заврши „турот“?
Нова, трета, супериорна етапна победа за „ајкулата од Сицилија“ - велосипедистот на Астана, Винченцо Нибали за зголемена предност во генералниот пласман и дилемата: Може ли некој да го запре до елисејските полиња?
197,5-те километри од Сент Етјен до олимписки Шамрус завршија со 17 километарското искачување на 1730 метри надморска височина и очекувано етапата се решаваче токму кон една од најтешките ридски цели на 101-то издание на професионалната велосипедска трка околу Франција.

Бегот на Де марко беше брзо неутрализиран, второпласираниот во генералниот поредок Ричи Порт почна да заостанува на 12 км. до целта,Нибали нападна на 6 км. И му додаде на Валверде нови 46 секунди и речиси неверојатни 7 минути на Порт.
Во финишот иако остана без поддршката на своите совозачи од тимот на Астана,Нибали беше подобар и од Рафал Мајка и Лео Кениг оставајќи ги зад себе за 10 односно 11 секунди и стана првиот италијанец со 3 победи на едно издание на Тур Д Франс.
Во пресрет на утрешната 14 етапа од Гренобл до Рисул долга 177 километри Нибали води со 3.37 пред Валверде и 4.24 во однос на Барде.