Евроинтеграции

Мицкоски: Беспредметно е испраќање писмо до ЕУ за предлогот уставни промени со одложено дејство

26.10.2024 16:32

По средбите со европските претставници, премиерот Мицкоски и дефинитивно потврди дека се откажува од намерата да испрати писмо до Европската унија. Според него, тоа е сега беспредметно, бидејќи, за да почне процесот на уставни измени потребно е Бугарија да го ратификува пристапниот договор…

Нема поместување ниту милиметар од предлогот уставни промени со одложено дејство. Ова се нашите позиции околу ова прашање, а има и затекнати од претходната влада, кои се обидуваме да ги повратиме, вели премиерот Мицкоски.

Беспредметно е испраќање писмо до ЕУ за предлогот уставни промени со одложено дејство, оти за ова е веќе разговарано со европските лидери, потврди премиерот Мицкоски.

Мицкоски не одговори дали се согласува со ставот на Таравари од коалицискиот партнер „Вреди“ дека уставните промени ќе се направат во декември. Вели, процесот на уставни промени може да почне, но прво тој предлог треба да биде прифатен од Бугарија. Односно тие да почнат да важат кога Бугарија ќе го ратификува пристапниот договор за членството на Македонија во ЕУ.

Се чека да завршат изборите во Бугарија, па да почне дијалог со новата бугарска влада, на кој македонските претставници ќе бараат и гаранција дека уставните промени се последното барање од Софија што не е поврзано со реформскиот процес.

Премиерот на Бугарија ѝ посакува да избере најдобра влада, но лично смета дека влада предводена од сестринската „Герб“ на Бојко Борисов со кои се во истата Европска народна партија, може да биде најдобар соговорник за решението за продолжување на евроинтеграцијата.

Ирина Гелевска