Превенцијата е најважна, но нема термини за преглед за рак на дојка
Превенцијата е најважна за навремен третман на заболените од рак на дојка. Но, има проблем со термините. Потребно е да се надогради системот „Мој термин“. Дел од оние кои имаат закажано, пак, не се појавувале …

Пациентки со симптоми закажани во јули, термин добиле во ноември, нема термини ниту за испитувања, ниту за скрининг. Сè уште се работи на доградбата на „Мој термин“ – пациентка којашто има клинички симптоми за рак на дојка чека најмногу две недели да добие термин за потребни испитувања, реагираат лекарите.
Надлежните велат термини има, пациентките не доаѓаат. 25 проценти од жените закажани за преглед во кабинет за дојка не отишле на преглед. Ваквата појава надлежните ќе треба да ја санкционираат.
Ткивото мора да се обработи, па после се прават пресеци и се поставува дијагнозата, објаснуваат од патологија зошто се чека на нивните резултати.
Доколку моменталните трендови продолжат, се очекува бројот на нови случаи на рак на дојка во регионот да се зголеми за 13%, а смртниот исход да се зголеми за 25% во наредните 20 години.
Наташа Јанчиќ Менковски
