Тутунарите подготвени за откуп на тутунот
Тутунарите се подготвени за откупот на тутунот од годинашнава реколта. Понудата е помала, од побарувачката ги зголемува надежите за поголеми цени …

Преку 10.000 семејства во земјава очекуваат продуктивен почеток на откупот на тутунот од годинашнава реколта. Променливата година со дожд и суша донесе тутунопроизводство од околу 17.000 тони тутун, со добар квалитет. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските.
Во земјава се 10 откупувачи кои, според нивните пресметки треба да преземат 26.000 тони тутун. Родот е помал, а тутунарите сметаат дека ќе обезбедат поголема откупна цена за 20 до 30 проценти од ланската од 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа тутун. Им претстојат средби во Министерството за земјоделство и со откупувачите.
Законски, откупот на тутунот може да почне на 15-ти ноември, а крајниот законски рок е 15-ти декември. Ќе има 320 откупни ваги во земјава.
Елизабета Митреска
