Грижа за културното наследство
Над 90 илјади туристи годишно го посетуваат битолскиот музеј. Но, неопходно е вработување на стручен кадар во институцијата-чувар на културното наследство во пелагонискиот регион, којашто годинава бележи девет децении постоење…

Археолошките локалитети со својата атрактивност сè повеќе го грабаат вниманието на туристите. Но според археологот Стојкоски, за соодветна и максимална заштита на артефактите, потребно е надминување на дисбалансот меѓу законите и институциите кои треба да соработуваат со музеите, но неопходен е и дополнителен стручен кадар, објаснува тој.
Само два архитекти конзерватори се грижат за зачувување, конзервација и реставрација на уникатната битолска архитектура во институцијата која е надлежна за културното наследство на територијата на пет општини во Македонија. Неопходна е грижа од страна на сопствениците, но и законски измени, со цел да се овозможи реална заштита на ваквите културни споменици, вели Алтипармаков, архитект-конзерватор.
Битолскиот музеј годинава одбележува 90 години постоење, а директорот на институцијата најави реализација на значајни проекти.
Во рамките на Завод и музеј Битола има 679 евидентирани археолошки локалитети за кои се грижат тројца археолози.
Ружица Аџикотарева Ѓоршевска
