Длабока загриженост за ескалација на состојбата по нападот на Израел врз Иран
Техеран нема да се ограничува кога станува збор за одбрана на интересите, територијалниот интегритет и народот на Иран, изјави иранскиот министерот за надворешни Абас Аракчи. Генералниот секретар на Обединетите нации ги повика сите страни итно да ги прекинат сите воени дејствија, вклучително и во Газа и Либан...

Техеран нема да се ограничува кога станува збор за одбрана на интересите, територијалниот интегритет и народот на Иран, изјави иранскиот министерот за надворешни Абас Аракчи, откако вчера израелската армија го нападна Иран.
Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1-ви октомври.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази „длабока загриженост поради ескалацијата на насилствата на Блискиот Исток“. Ги повика сите страни итно да ги прекинат сите воени дејствија, вклучително и во Газа и Либан. Да се направат сите можни напори за спречување на сеопфатна регионална војна и да се вратат на патот на дипломатијата.
