Предвремени парламентарни избори во Бугарија, седми во само три години
Во јуни немаше јасен победник, а анкетите сугерираат дека и новите избори нема да донесат стабилност на владиниот состав.

Бугарите денеска гласаат на седмите избори во само три години, откако источниот сосед се соочи со политичка нестабилност и пропаднаа сите обидите да се формира влада.
Во јуни немаше јасен победник, а анкетите сугерираат дека и новите избори нема да донесат стабилност на владиниот состав.
Гласачите се изморени од пречестите изборни циклуси, нешто што им оди во корист на популистичките и проруските групи, па така, партијата „Преродба“ на Костадин Костадинов може да се појави и како втора по големина група во парламентот.
Тесна е разликата со коалицијата „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“, а според анкетите, најголема доверба ужива „Герб“ на Бојко Борисов.
